Голем број на Хрватски навивачи утринава заминаа за Стокхолм, Шведска каде попладнево се игра финалето на ЕП во ракомет.
Многубројни групи со чартер летови од Загреб заминаа за Стокхолм, но има и такви кои со автобуси и автомобили тргнаа уште синоќа за да стигнат навреме и да бидат сведоци на ова големо финале за ракометната селекција на Хрватска. Се очекува околу 20.000 хрвати да бидат дел од финалето на ова ЕП,а тоа значи дека 70% од капацитетот на салата „Теле 2 Арена“ ќе биде исполнета со навивичи на Хрватска.

Исто така голем број на Хрвати кои живееат во Шведска ќе бидат на трибините. Самите репрезентативци на Шпанија потенцираа дека Хрватска ќе игра како на домашен терен.

