ЕХФ точно напладне ги објави резултатите од анкетата во која учествуваа над 20.000 посетители на веб страната и апликацијата на ЕП и го дадоа својот глас за да се формира идеалниот тим на Европското првенство.
За најкорисен играч на турнирот беше избран Домагој Дувњак, кој херојски ја однесе својата репрезентација во големото финале. Во идеалниот тим друштво му прави и сонародникот Игор Карачиќ, а место има уште за Блаж Јанц (Словенија), Хорхе Македа (Шпанија), Магнус Јонгал (Норвешка), Сандер Сагосен (Норвешка), Бенце Банхиди (Унгарија) и голманот Гонзало Перез де Варгас (Шпанија). Титулата за најдобар дефанзивец заврши кај Хендрик Пекелер (Германија).
https://www.instagram.com/p/B7x81vPoJ_M/?utm_source=ig_web_copy_link
Откако се доделени индивидуалните награди останува попладне по 16.30 часот да видиме кај кого ќе заврши златото, а кај кого среброто од ова ЕП.

