Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе игра само еден бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2021 година во Египет и покрај промената на системот на квалификации, но и поради освоеното 15-то место на ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка.
Денеска беа одредени четирите двојки од априлските квалификации. Победниците од четирите претквалификациски турнири Литванија, Израел, Романија и Турција, ќе се соочат со најлошо рангираните селекции на ЕП, Русија, БиХ, Литванија и Израел.
Двомечот се игра во термините 15/16, односно 18/19 април годинава, а победниците ќе се најдат во последниот филтер во кој е и Македонија.
Квалификации за СП 2021 Египет (април)
Турција – Русија
Романија – БиХ
Полска – Литванија
Израел – Летонија
Нашата репрезентација во март ќе го дознае својот противник во баражот кој треба да ја однесе на уште едно големо натпреварување.

