Првиот човек на ЕХФ, Мајкл Видерер, осврнувајќи се на европскиот ракометен шампионат на кој нашите судии Начевски и Николов го водеа гоелмото финале меѓу Шпанија и Хрватска, нагласи дека судиите не влијаеле на ниту еден резултат.
„Одлуката за зголемување на бројот на учесници беше исправна и првенството донесе голем успех. Тоа беше одлична реклама за ЕХФ и ракометот. На ниту еден резултат директно не му влијаеа судиските одлуки. Голема помош имавме и од видео-технологијата“ – потенцираше задоволно Видерер.
Токму неговите зборови даваат на тежина на одлуката на Начевски и Николов кои во решавачките моменти во финалето им ја одземаа топката на Хрватите по што „Фуријата“ дојде до голем победа и златниот медал.