Во исклучително тешка ситуација, ракометарите на Вардар денеска во својата сала го пречекуваат Мотор во новото коло од Лигата на шампионите. Егзодусот на играчи кои го почнаа Кристопанс и Атман, веројатно ќе продолжи и на крајот на сезоната, но во моментов Алушовски со она што го има на располагање ќе го нападне украинскиот тим, кој исто така во Скопје доаѓа со играчки проблеми.
Мотор вчера остана без двајца ракометари кои заминаа во руски Спартак, па и кај нив ситуацијата не е розова.
Проблемите на противникот се добра можност Вардар конечно да ја прекине серијата слаби резултати во ЛШ и да обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во Европа. Дуелот во „Јане Сандански“ почнува од 17.30 часот.

