Македонската кошаркарска репрезентација завршува со подготовките за квалификациите за пласман на ЕП 2021 година. Утре (20:15 часот) против Естонија во СЦ „Борис Трајковски“ ја почнуваме битката за враќање на европската карта.
На прес-конференцијата пред мечот, селекторот Тодоров, истакна дека малку го плашат повредите и вирусот со кои се соочува во последните два дена.
„Она што можам да истакнам од последниот пат е дека одработивме еден циклус, до овој момент имаме осум тренинзи и еден пријателски меч. Она што ме прави задоволен е што брзо се комплетиравме. Она што ме прави пак малку незадоволен се проблемите по дуелот со Гостивар. Неколку играчи се разболеа, имавме мали или поголеми пехови, останавме без двата плејмејкери. Од она што знам дека и двајцата за вечерва ќе бидат на линија, но останува да ги почекаме медицинските наоди. Споредено со нашиот противник кој подоцна почна, сме во една подобра позиција во тој тренанжен процес“, рече Тодоров.

