Вардар го очекува тежок пат за одбрана на титулата во СЕХА Газпром лигата, а најнапред треба да ги одигра натпреварите од четврт-финалето каде за противник го има хрватскиот вицепрвак Нексе. Во соработка со клубовите домаќини и ТВ куќи кои ќе прават преноси одредени се термините за натпреварите од Топ-8 фазата.
Победниците од овие два меча ќе играат на Ф4 турнирот на СЕХА лигата. Покрај Вардар во четврт-финалето се уште и екипите на Мотор, Татран, ППД Загреб, Војводина и Веспрем. Последниот учесник ќе се одреди по одигрување на двете средби меѓу Мешков и Универзитет Пекинг закажан за почетокот на март.
На првата средба со Нексе, Вардар ќе игра во гости, на 8 март. Реваншот е потоа во Скопје на 15 март.
Вардар заедно со ППД Загреб се единствените екипи во СЕХА Газпром лигата што настапиле на сите досегашни осум Ф4 турнири. Ова е деветта сезона на регионалната лига.
Четврт-финале
8 март 2020
Нексе – Вардар (17 ч.)
15 март 2020
Вардар – Нексе (20,15)
Двојки за четврт-финалето:
Мешков/Пекинг – Мотор
Татран – ППД Загреб
Војводина – Веспрем