Според неофицијалните информации до кој дојде Спортско радио 90,3 ФМ, раководството на СЕХА Гаспром лигата одлучило оваа година Ф4 турнирот да се игра во Хрватска, односно градот Задар.
Тоа значи дека повторно Ф4 завршниот турнир се враќа на овие простори по минатогодишната организација на Брест во Белорусија. Во моментов треба да се одиграат четвртфиналните натпревари по кои ќе бидат познати учесниците на Ф4 турнирот.
Бранител на титулата од минатата година е нашиот шампион Вардар кој преку Нексе ќе се обиде да обезбеди пласман на Ф4 завршниот турнир, што ќе биде уште едно учество на Вардар кој заедно со Загреб се единствените екипи кои досега биле дел од сите Ф4 турнири.
Очекуваме СЕХА денес да ја потврди оваа информација за тоа дека Задар ќе биде организатор на Ф4 турнирот оваа година.