Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска (16 часот) му гостува на директниот конкурент за петото место на табелата во групата Б во Лигата на шампионите – Порто. „Црвено-црните“ пред овој дуел се на посакуваната позиција, но со бод предност во однос на португалскиот тим.
На првиот дуел сезонава во Скопје, Вардар победи со 32-27, а гостите и тогаш покажаа дека не се за потценување.
„Порто е фаворит сега на дуелот, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме довлно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот“, изјави пред заминувањето Алушовски.