Тоа што го најави Спортско радио 90,3 ФМ пред неколку денови, денеска беше потврдено и од страна на СЕХА Гаспром лигата.
Завршниот Ф4 турнир или битката за победничкиот пехар на најдобрите четири екипи во тековнава сезона, ќе се одржи од 3. до 5. април во Задар. Вардарци кои се во улога на бранители на тронот, за да влезат на Ф4 турнирот ќе треба да излезат како севкупни победници по двомечот со хрватскиот Нексе.
„Информираме дека Задар ќе биде домаќин на деветтото издание на Ф4 турнирот во СЕХА – Гаспром лигата. Тоа ќе биде трет пат по Загреб 2012 и Вараждин 2016 година, Ф4 да се одржи во Хрватска. Очекуваме навивачите да имаат шанса да гледаат врвен ракомет како и да уживаат во целиот настан“ – потенцираше Синиша Остоиќ, извршниот директор на СЕХА – Гаспром лигата.