Ракометарите на Вардар загубија од Монпелје со 31 спрема 27 во СЦ „Јане Сандански“ по што го освоија шестото место во групата „Б“ во Лигата на шампионите.
Французите максимално ја искористија очајната состојба кај актуелниот европски првак гледано од секој аспект и ги однесоа бодовите од Скопје. Стоилов со седум голови беше прв стрелец кај домаќинот додека Горбок постигна шест. Голманот Кизиќ имаше девет одбрани.
„Црвено-црните“ сега ќе ја чекат разврската во другата група за да го дознаат противникот во фазата на елиминации. Како можни противници се наметнуваат Пик Сегед (Унгарија) и францускиот, Пари Сен Жермен, кој го води поранешниот тренер на „црвено-црните“, Раул Гонзалес.

