Репрезентативниот ракометен голман Борко Ристовски и бекот Марко Мишевски до крајот на сезоната ќе бидат нови играчи на Вардар, потврди клубот на официјалниот сајт. Тие денеска ќе го имаат првиот тренинг.
Голманот Ристовски настапуваше за португалска Бенфика додека Мишевски ги бранеше боите на Гренобл. Борко Ристовски (двапати беше дел од Вардар и тоа во периодот од 2001 до 2003 година и во периодот од 2010 до 2012 година. Тој досега играше за Работнички, Југ, Македонија, Металург, Теукро, Алгесирас, Гумерсбах, Ал Ахли, Кретеј, Рајн Некар, Барселона и Бенфика.
Марко Мишевски потекнува од школата на Вардар. Тој лани беше дел од тимот што стигна до европската титула а играше и во СЕХА лигата.

