Европската ракометна федерација ги одреди термините за првата елиминациска фаза во Лигата на шампионите. Бранителот на тронот нашиот Вардар, во првата средба ќе му биде домаќин на унгарскиот Пик Сегед.
Мечот ќе биде одигран во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ на 22. март (недела) со почеток од 17 часот. Реваншот на теренот на Унгарците ќе биде на 29 март исто така со почеток од 17 часот.
Победникот од тој двомеч во наредната фаза ќе игра против подобриот од пресметките меѓу Висла Плоцк (Полска) и Веспрем (Унгарија).