Нашите најдобри кошаркари останаа на 53. позиција на најновата ранг листа на Светската кошаркарска федерација-ФИБА.
Ние во изминатиот период имавме два пораз од Естонија и Русија на стартот на квалифиакциите за Европскот првенство, но, успеавме да ја заддржиме сегашната позиција. Гледано само меѓу европските селекции, Македонија го има 29 место.
На челната позиција во рангирањето на ФИБА фигурира составот на САД пред Шпанија и тимот на Австралија. Топ 5 го затвораат репрезентациите на Аргентина и Србија.

