Кошаркарскиот Куп на Македонија во иднина ќе се вика –„КУП Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на нашата легенда која неодамна трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, беше одлучено на денешната седница на нашата кошаркарска Федерација.
Нема сомневање дека популарниот Буштур остави огромен белег во мак-бескетот и дека заслужи неговото име да остане вечно во македонскиот спорт.
– Куп натпреварите кои се дел од календарот на федерацијата, да се именува како „КУП Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на нашата легенда, кој прерано нè напушти“ – гласи објавата на КФСМ.

