Пандемијата на коронавирус ја погоди фудбалската индустрија доста сериозно, а трендот се очекува да продолжи.
Фудбалската опсерваторија CIES ги проценува разликите во идните вредности на играчите во случај да не се играат повеќе натпревари и договорите не се обновуваат до крајот на јуни. Така, вкупната трансферна вредност на играчите на најдобрите 5 големи првенства е намалена за 28 % : од 32,7 милијарди на 23,4 милијарди евра. Големината на падот варира во зависност од различни фактори, како што се возраста на играчот, должината на договорот, траекторијата на кариерата и неговиот последен настап пред паузата.
Најголема загуба во релативна смисла се однесува на постарите играчи со релативно кратки договори и играа помалку оваа сезона отколку во претходната. Пример, проценетата вредност на Пол Погба ќе падне за скоро половина од 65 милиони до 35 милиони евра.
Најголема потенцијална загуба во процент е измерена за францускиот тим Олимпик (Марсеј): минус 38 %. Втор најоштетен тим е Интер (Милан), чие намалување на трансферната вредност опадна за 35,7 %. Следат Верона (Италија) со 34,3 %, СПАЛ со 34,2 % и Шефилд Јунајтед со 33,2 %. Спротивно на тоа – најмалку забележителна загуба е регистрирана за еден друг француски тим – Брест, само минус 16%, а нив ги следат Лече од Италија и Мајорка од Шпанија поради ниската цена на купените фудбалери.