Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Коронавирусот ја намали вредноста на играчите од Топ 5 првенствата во Европа
    Фудбал

    Коронавирусот ја намали вредноста на играчите од Топ 5 првенствата во Европа

    risteBy riste30/03/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Пандемијата на коронавирус ја погоди фудбалската индустрија доста сериозно, а трендот се очекува да продолжи.

    Фудбалската опсерваторија CIES ги проценува разликите во идните вредности на играчите во случај да не се играат повеќе натпревари и договорите не се обновуваат до крајот на јуни. Така, вкупната трансферна вредност на играчите на најдобрите 5 големи првенства е намалена за 28 % : од 32,7 милијарди на 23,4 милијарди евра. Големината на падот варира во зависност од различни фактори, како што се возраста на играчот, должината на договорот, траекторијата на кариерата и неговиот последен настап пред паузата.

    Најголема загуба во релативна смисла се однесува на постарите играчи со релативно кратки договори и играа помалку оваа сезона отколку во претходната. Пример, проценетата вредност на Пол Погба ќе падне за скоро половина од 65 милиони до 35 милиони евра.

    Најголема потенцијална загуба во процент е измерена за францускиот тим Олимпик (Марсеј): ​​минус 38 %. Втор најоштетен тим е Интер (Милан), чие намалување на трансферната вредност опадна за 35,7 %. Следат Верона (Италија) со 34,3 %, СПАЛ со 34,2 % и Шефилд Јунајтед со 33,2 %. Спротивно на тоа – најмалку забележителна загуба е регистрирана за еден друг француски тим – Брест, само минус 16%, а нив ги следат Лече од Италија и Мајорка од Шпанија поради ниската цена на купените фудбалери.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.