Првите луѓе на македонскиот ракомет објавија дека нема да ја користат понудената државна помош за субвенционирање на плати за месеците април и мај и дека РФМ уплати донација на наменската сметка на Министерството за здравство за борба против Ковид-19.
„Износот од 615.000 денари ќе биде уплатен од страна на Ракометната Федерација на Македонија на наменската сметка за справување со здравствената криза предизвикана од корона-вирусот“ – стои во соопштението на РФМ.
„Раководството на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) одлучи да не ја користи финансиската поддршка за 13 вработени во спортската администрација за месеците април и мај 2020 понудена во Уредбата на Владата РФМ ќе ги задржи сите административци а нивниот личен доход независно од одложувањето на сите ракометни активности, ќе остане ист како во месец февруари 2020 година“ – се потенцира во соопштението

