Иако во изминатиот период, КФСМ веќе разговараше со претставниците на Здружението на Прва лига-мажи и постигна едногласна согласност, дека не постојат услови за продолжување на натпреварите во Првата машка лига за оваа натпреварувачка сезона, го разгледа предлогот на шампионот МЗТ Скопје Аеродром и истиот го постави на изјаснување пред другите претставници на Здружението на Прва лига-мажи.
Раководството ги разгледа сите ставови доставени од страна на претставниците на Здружението на Прва лига-мажи, кои се однесуваат на предлогот на МЗТ Скопје Аеродром, за и околу продолжение на натпреварите во Првата лига-мажи за сезоната 2019/2020.
Врз основа на добиените одговори од страна на сите девет клубови, учесници во натпреварите (покрај МЗТ Скопје Аеродром како предлагач), кои беа едногласни и ги потврдија претходно изнесените ставови (освен предлагачот, КК МЗТ Скопје Аеродром, и КК МЗТ Скопје Уни-Банка), одлучено е дека, во овој момент не постојат услови за продолжување на натпреварите во Првата лига.
Согласно со тоа, овој заклучок донесен во консултации со претставниците на сите екипи учесници во натпреварите во Прва лига-мажи, ќе биде доставен и даден на усвојување на наредната седница на Управниот Одбор на КФСМ.