На денешната седница УО на РФМ го потврди предлогот на клубовите за следната сезона. Супер-лигата ќе биде проширена. Во првата фаза ќе брои 14 екипи кои ќе бидат поделени во две групи, а нови членови ќе бидат Астраион, Прилеп, Јуниор Кисела Вода, Тиквеш, КЛ7 и Младост Богданци.
Во понискиот ранг се селат Металург 2 и Вардар Јуниор, додека пак учесниците во СЕХА-лигата ќе се приклучат во вториот дел.
Во плеј-офот покрај Вардар и Е. Пелистер ќе играат трите најдобро пласирани екипи од двете групи, останатите осум тима ќе се борат во плеј аут.
Супер-лигата во сезоната 2021/22 ќе брои 10 екипи.
