Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Од денес повторно фудбал во Будеслигата
    Фудбал

    Од денес повторно фудбал во Будеслигата

    risteBy riste16/05/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Први на фудбалската сцена од големата фудбалска петорка се враќа Бундеслигата. Од денес тие означуваат рестарт и одново ќе сеигра фудбал по двомесечната пауза поради пандемијата со коронавирусот.

    Попладнево во 15:30 часот на пет терени во Германија, но без присуство на публика ќе биде означен старт на натпреварите, кој ќе означи враќање на елитниот фудбал во Европа. Екипите од Германија веќе неколку недели тренираат и се обидуваат да ја вратат посакуваната форма, а веднаш на враќањето на фудбалот во Германија не очекува големо дерби.

    Борусија Дортмунд на празниот „Сигнал Идуна Парк“ ќе го пречека Шалке 04 во пладневниот термин. Тимот предводен од Лусијан Фавр по 25 кола се наоѓа ба втората позиција со четири бодови заостанување зад лидерот Баерн Минхен, додека екипата од Шалке е на 6-то место. Во истиот термин од 15.30 часот ќе се играат и натпреварите меѓу Аугсбург и Волфсбург, Фортуна Дизелдорф е домаќин на Падерборн, Хофенхајм игра против Херта, додека Лајпциг ќе биде на мегдан против Фрајбург. Последниит денешен натпревар е од 18.30 часот кога Ајнтрахт Франкфурт ја пречекува Борусија Менхенгладбах.

    Утре и задутре се играат преостанатите три три средби Келн го пречекува Мајнц, шампионот Баерн Минхен гостуива кај Унион Берлин, додека во понеделник Вердер Бремен на домашен терен игра против Баер Леверкузен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.