Први на фудбалската сцена од големата фудбалска петорка се враќа Бундеслигата. Од денес тие означуваат рестарт и одново ќе сеигра фудбал по двомесечната пауза поради пандемијата со коронавирусот.
Попладнево во 15:30 часот на пет терени во Германија, но без присуство на публика ќе биде означен старт на натпреварите, кој ќе означи враќање на елитниот фудбал во Европа. Екипите од Германија веќе неколку недели тренираат и се обидуваат да ја вратат посакуваната форма, а веднаш на враќањето на фудбалот во Германија не очекува големо дерби.
Борусија Дортмунд на празниот „Сигнал Идуна Парк“ ќе го пречека Шалке 04 во пладневниот термин. Тимот предводен од Лусијан Фавр по 25 кола се наоѓа ба втората позиција со четири бодови заостанување зад лидерот Баерн Минхен, додека екипата од Шалке е на 6-то место. Во истиот термин од 15.30 часот ќе се играат и натпреварите меѓу Аугсбург и Волфсбург, Фортуна Дизелдорф е домаќин на Падерборн, Хофенхајм игра против Херта, додека Лајпциг ќе биде на мегдан против Фрајбург. Последниит денешен натпревар е од 18.30 часот кога Ајнтрахт Франкфурт ја пречекува Борусија Менхенгладбах.
Утре и задутре се играат преостанатите три три средби Келн го пречекува Мајнц, шампионот Баерн Минхен гостуива кај Унион Берлин, додека во понеделник Вердер Бремен на домашен терен игра против Баер Леверкузен.