Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Голден Арт КЛ 7 го засилува стручниот штаб со две имиња освојувачи на Лига на шампиони
    Ракомет

    Голден Арт КЛ 7 го засилува стручниот штаб со две имиња освојувачи на Лига на шампиони

    risteBy riste24/05/2020No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Kвалитетен стручен кадар е фундамент во создавање на добри македонски играчи. За остварување на оваа идеја врз која се темели основањето на  ракометниот клуб  „Голден Арт КЛ 7″ , во стручниот тим на клубот влегуваат две имиња кои имаат искуство како се станува европски шампион.

    Во професионалното зреење на клубот кој од следната сезона ќе го има своето суперлигашко деби ќе бидат ангажирани Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска. И двајцата се со големо искуство секој во своето поле на дејствување. Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија. Својата работа официјално ја започнува во фудбалски клубови продолжувајќи во ракометот. Најдобар во својата работа, потврда за ова се двете европски титули како и сите освоени медали на домашна и меѓународна сцена. Димитар е дел и од ракометната репрезентација на Македонија а во јавноста е познат како професионалец за пример. Неговиот ангажман ќе биде грижа за здравствениот биланс на ракометарите, присуство на тренинзи и натрпеварувања, давање насоки и инструкции на ракометарите, работа со повредени играчи, учество во рехабилитација заедно со целокупниот докторски тим, припрема за тренажен процес и превенција од повреди.

    Билјана Црвенкоска 20 години беше активна ракометарка, репрезентативка, освојувач на лигата на шампиони како дел од стручен тим. Таа ја има највисоката македонска тренерска лиценца, професор е по физичка активност , спорт и фитнес администрација/ менаџмент. Силен професионалец кој има сестрана спортска едукација со најголем акцент на ракометот. Нејзиниот ангажман во „Голден Арт КЛ7“ ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа како и помошник тренер на Андов Бошковски во првиот тим.

    За засилување на стручниот тим, спортскиот директор на ракометниот клуб „Голден Арт КЛ7″ Милчо Чакарески изјави:

    ” Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, а пред се застапувајќи го брендот КЛ7 и неговата големина во светски рамки градејќи го тимот за сезоната 2020/21 како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони. Прв чекор е носењето на главноиот лик во делот на медицината и здравјето и двократниот европски шампион од редовите на Вардар, кој исто така истата задача ја има и во македонската репрезентација, г-динот Димитар Маневски. Второ засилување во нашиот стручен тим на местото прв помошник на шефот на стручен штаб Андон Бошковски е актуелниот европски првак, десната рака на Роберто Парондо, г-ца Билјана Црвенкоска, наша долгогодишна ракометна репрезентативка која исто така беше дел и од тимот на Раул Гонзалез. Со ова сакаме да покажеме дека ние како тим ќе вложуваме средства и максимален напор во стручни капацитети со цел на добивање квалитетни ракометари од македонско производство” вели Чакаревски.

    Чакарески кој беше долгогодишен спортски директор на сите македонски ракометни селекции додаде дека ова е само почеток на плановите на новиот суперлигаш, ракометниот клуб  „Голден Арт КЛ7“, кој патем е и најмладиот ракометен клуб формиран во Македонија .

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.