Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, влегува меѓу најдобрите и најплатените играчи во светот.
Порталот – „sportkez“ направи листа од Топ 20 која ја предводи Данецот, Микел Хансен со 120.000 месечно додека нашиот интернационалец фигурира на 14. позиција со примања од 30.000 евра месечно или пак 500.000 годишно.
На второто место е Ханс Линдберг од Фуксе Берлин додека Лук Абало од ПСЖ е трет со месечни примања од 85.000 евра.