Американецит Мајк Џејмс потпиша нов тригодишен договор со ЦСКА Москва, објави рускиот клуб. Американецот кој дојде во ЦСКА минатото лето, реши да ја продолжи верноста со клубот со кој има намера да дојде до европската круна.
„Среќен сум што се вратив во Москва и успеавме да се договориме за продолжение на нашето партнерство за уште три години. Се надевам дека заедно ќе ги исполниме плановите“, изјави Американецот по потпишувањето на новата соработка.

