Поранешниот селектор на нашата ракометна репрезентација Ѕвонко Шундовски со кој Македонија го направи најголемиот успех (петто место на ЕП 2012), во новата сезона ќе има интересен предизвик.
Звонко Шундовски е нов тренер на катарскиот тим Ал Рајан откако беше без ангажман по заминувањето од романската Констанца,.
Овој клуб најави формирање на силен тим и посакува да биде дел од Азиската Лига на шампиони следната сезона. Во својата тренерска кариера Шундовски ги водел екипите на Металург, романските ЧСМ Букурешт и Констанца, а беше селектор и на репрезентацијата на Израел.

