Саша Обрадовиќ и официјално стана нов тренер на КК Црвена звезда. Обрадовиќ се врати во клубот каде порасна како играч и за кој играше во три наврати.
Тој последен пат го предводеше тимот на Монако, а денеска потпиша повеќегодишен договор со „црвено-белите“. Српскиот стратег претходно ги водеше Локомотив Кубан и Алба од Берлин, со кои оствари голем успех, додека истовремено беше и шеф на стручниот штаб на Доњецк, Туров, Киев и Келн.
52-годишниот стручњак на клупата ќе го наследи Драган Шакота, со кого Звезда пред неколку дена се раздели со меѓусебна согласност.

