Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јувентус и Милан вечерва го враќаат фудбалот во Италија
    Фудбал

    Јувентус и Милан вечерва го враќаат фудбалот во Италија

    risteBy riste12/06/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со натпреварот кој вечерва ќе биде одигран од 21:00 часот меѓу Јувентус и Милан се враќа фудбалот во Италија.

    Ова е реванш натпревар во полуфиналето од Купот на Италија кој ќе се одигра пред празни трибини на „Алијанц стадион“ во Торино, а во него двата тима влегуваат со свои шанси за пласман во финалето откако на првата средба на „Сан Сиро“ беше 1:1.

    По прекинот на сезоната сега че видиме која екипа подобро се адаптирала на новата ситуација и се подготвиле за рестартот на сезоната, а за овие две екипи и враќањето на обврските во Купот на Италија. Тренерот на Милан, Стефано Пиоли има големи проблеми и против Јувентус нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ и Тео Хернандес, кои се меѓу носителите на играта.

    Од друа страна поради жолти картони нема да може да смета на Кастиљехо, а мала повреда и неизвесен е Мусакио. Кај Јувентус, Маурицио Сари нема многу проблеми со составот на тимот, па се очекува да недостигаат само Демирал и Игуаин. Јувентус е фаворит за пласман во финалето, а на последните десет меѓусебни натпревари има дури девет победи и нерешениот резултат, оној на првиот меч во февруари.

    Можни состави на двата тима
    Јувентус (4-4-3): 
    Шчешни, Квадрадо, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро, Бентанкур, Матуиди, Рамзи, Даглас Коста, Роналдо, Дибала.
    Милан (4-3-2-1): 
    Донарума, Конти, Ромањоли, Кјаер, Калабрија, Кеси, Бенасер, Бонавентура; Пакета, Чалханоглу, Ребиќ.

    Утре се игра и вториот полуфинален натпревар во кој Наполи го пречекува Интер на „Сан Паоло“, а Наполи каде очекуваме да се појави Елиф Елмас има предност од 1:0 остварена на првата средба во Милано.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.