Со натпреварот кој вечерва ќе биде одигран од 21:00 часот меѓу Јувентус и Милан се враќа фудбалот во Италија.
Ова е реванш натпревар во полуфиналето од Купот на Италија кој ќе се одигра пред празни трибини на „Алијанц стадион“ во Торино, а во него двата тима влегуваат со свои шанси за пласман во финалето откако на првата средба на „Сан Сиро“ беше 1:1.
По прекинот на сезоната сега че видиме која екипа подобро се адаптирала на новата ситуација и се подготвиле за рестартот на сезоната, а за овие две екипи и враќањето на обврските во Купот на Италија. Тренерот на Милан, Стефано Пиоли има големи проблеми и против Јувентус нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ и Тео Хернандес, кои се меѓу носителите на играта.
Од друа страна поради жолти картони нема да може да смета на Кастиљехо, а мала повреда и неизвесен е Мусакио. Кај Јувентус, Маурицио Сари нема многу проблеми со составот на тимот, па се очекува да недостигаат само Демирал и Игуаин. Јувентус е фаворит за пласман во финалето, а на последните десет меѓусебни натпревари има дури девет победи и нерешениот резултат, оној на првиот меч во февруари.
Можни состави на двата тима
Јувентус (4-4-3):
Шчешни, Квадрадо, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро, Бентанкур, Матуиди, Рамзи, Даглас Коста, Роналдо, Дибала.
Милан (4-3-2-1):
Донарума, Конти, Ромањоли, Кјаер, Калабрија, Кеси, Бенасер, Бонавентура; Пакета, Чалханоглу, Ребиќ.
Утре се игра и вториот полуфинален натпревар во кој Наполи го пречекува Интер на „Сан Паоло“, а Наполи каде очекуваме да се појави Елиф Елмас има предност од 1:0 остварена на првата средба во Милано.