Најдобиот млад македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ најверојатно ќе го напушти досегашниот клуб Хувентуд од Бадалона.
Македонскиот репрезентативец наскоро треба да биде претставен како засилување за екипата на Валенсија. Шпанските медиуми денес објавија дека сите детали се договорени и Валенсија ќе биде новиот клуб на Димитријевиќ. Нашиот кошаркар идната сезона ќе настапува во Евролигата, бидејќи Валенсија доби место во ова натпреварување за следната сезона.
Димитријевиќ има уште една година од договорот со Хувентуд, па затоа Валенсија ќе мора да плати обештетување за да го доведе во своите редови.

Сезонава, Ненад Димитријевиќ има просек од 8 поени и 3,3 асистенции во лигата и 11,9 поени во просек во Еврокупот. На македонскиот кошарткар му преостанува уште одигрувањето на турнирот за шампион на Шпанија, кој ќе се игра од 17 до 30 јуни токму во Валенсија.

