Македонската репрезентативка и членка на екипата на романска Глорија Бузау, Елена Ливриниќ, добила позитивни резултати на коронавирусот, информираат медиумите во Романија.
25-годишната ракометарка е единствена од својата екипа која била позитивна на тестовите направени оваа недела. Ливриниќ дојде во екипата на Глорија Бузау оваа година, откако одлучи да се пресели од редовите на Рапид Букурешт.
Претходно настапуваше за ЦСУ Данубиус, а својата кариера ја започна во Металург. Да се надеваме дека Елена Ливриниќ без проблем ќе ја надмине оваа состојба и ќе нема никакви компликации.