Најдобриот фудбалер на Македонија, Горан Пандев уште еднаш докажа дека годините за него се само бројка, откако на 37 години одигра нова фантастична сезона и беше еден од клучните играчи на својата екипа Џенова во борбата за опстанок во Серија А.
Џенова во последното коло успеа да победи и со тоа да остане во Серија А, а Горан Пандев сезоната ја заврши со девет погодоци, што е негов најдобар скор по единаесет години. Македонскиот репрезентативен капитен со тоа беше најефикасниот играч на својата екипа оваа сезона, но исто така имаше неколку асистенции. Токму поради тоа може да се каже повеќе од заслужено е избран за најдобар фудбалер на Џенова за оваа сезона.
Во изборот кој го направи „Планета Џенова 1983“, фановите му ја дадоа најголемата поддршка на нашиот фудбалер, кој доби убедливо најмногу гласови. Пандев во оваа анкета добил 5.024 гласам додека зад него се нашле Антонио Санабрија со 3.252, додека Ласе Шоне со 2.783 гласа заврши како трет. Горан Пандев имаше нешто помалку гласови од Санабрија и Шоне заедно.