Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Пандев избран за фудбалер на сезоната во Џенова
    Фудбал

    Пандев избран за фудбалер на сезоната во Џенова

    risteBy riste17/08/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најдобриот фудбалер на Македонија, Горан Пандев уште еднаш докажа дека годините за него се само бројка, откако на 37 години одигра нова фантастична сезона и беше еден од клучните играчи на својата екипа Џенова во борбата за опстанок во Серија А.

    Џенова во последното коло успеа да победи и со тоа да остане во Серија А,  а Горан Пандев сезоната ја заврши со девет погодоци, што е негов најдобар скор по единаесет години. Македонскиот репрезентативен капитен со тоа беше најефикасниот играч на својата екипа оваа сезона, но исто така имаше неколку асистенции. Токму поради тоа може да се каже повеќе од заслужено е избран за најдобар фудбалер на Џенова за оваа сезона.

    Во изборот кој го направи „Планета Џенова 1983“, фановите му ја дадоа најголемата поддршка на нашиот фудбалер, кој доби убедливо најмногу гласови. Пандев во оваа анкета добил 5.024 гласам додека зад него се нашле Антонио Санабрија со 3.252, додека Ласе Шоне со 2.783 гласа заврши како трет. Горан Пандев имаше нешто помалку гласови од Санабрија и Шоне заедно.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.