Ракометниот состав на Еурофарм Пелистер нема да биде дел од меѓународниот турнир кој требаше да се реализира во соседна Грција. Причина за тоа се затворените граници и ситуацијата со Ковид-19.
Битолчани иако требаше да учествуваат на собирот во Атина, одлучиле да останат во татковината и да реализираат неколку пријателски мечеви како дел од подготовките за наредната сезона. Спроед најавите, Еурофарм Пелистер ќе ја темпира формата на мечевите со Вардар, Бутел, КЛ7 и Еурофарм Пелистер 2.
Познато е дека „зелените“ ги очекуваат настапи во групната фаза на Европската лига и во СЕХА конкуренцијата.

