Главниот тренер, Скот Брукс, ќе остане на чело на кошаркарскиот состав Вашингтон и во наредната сезона сезона, објави генералниот директор на клубот, Томи Шепард. Кампањата 2020/2021 година ќе биде последна во петгодишниот договор на специјалистот.
„Тој е одличен тренер. Тој е во долго време во НБА и како играч и како тренер. Мислам дека сме во одлични раце во новата сезона” – рече Шепард.
Вашингтон во шампионатот која финишира принудно во друг формат поради пандемијата со ковид-19, не успеа да влезе во плеј-офот.