Eден од ракометарите на Вардар е ставен во домашна изолација откако бил позитивен на Ковид -19. Станува збор за Стојанче Стоилов.
Сите други од таборот на „црвено-црните“ биле тестирани и допрва се чекаат нивните резултати. Доколку нема нов позитивен случај, тимот ќе продолжи со подготовките.
Доколку има нов случај, тогаш се наметнува дилемата дали ќе биде одиграна реванш-средбата со Нексе во СЕХА лигата која е закажана за в сабота од 20:15 часот.

