Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Рома го откупи договорот на Михтарјан
    Фудбал

    Рома го откупи договорот на Михтарјан

    risteBy riste01/09/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најдобриот фудбалер на Ерменија Хенрик Михтарјан нема да дојде во Скопје, но нема да се враќа во Лондон, откако синоќа официјално објави дека ставил потпис на договор со Рома.

    Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмуд, откако не успеа да се докаже во редовите на Арсенал, минатата сезона ја помина на позајмица во Рома, каде ги задоволи со своите настапи и вчера римскиот гигант го откупи неговиот договор.

    „Среќен сум што ќе останам во Рим. Го засакав овој град и навивачите. Сакам да им се заблагодарам на сите во Арсенал, а пред сè на Венгер кој веруваше во мене. Сега пред мене е нов предизвик и максимално сум посветен на тоа“, изјави Михтарјан.

    Како што претходно беше најавено, Михтарјан ќе остане во Рим за време на репрезентативната пауза, а тоа значи дека нема да настапи за својата селекција, Ерменија на саботниот натпревар со Македонија во рамки од првото коло од новата сезона на Лигата на нациите.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.