Најдобриот фудбалер на Ерменија Хенрик Михтарјан нема да дојде во Скопје, но нема да се враќа во Лондон, откако синоќа официјално објави дека ставил потпис на договор со Рома.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмуд, откако не успеа да се докаже во редовите на Арсенал, минатата сезона ја помина на позајмица во Рома, каде ги задоволи со своите настапи и вчера римскиот гигант го откупи неговиот договор.
„Среќен сум што ќе останам во Рим. Го засакав овој град и навивачите. Сакам да им се заблагодарам на сите во Арсенал, а пред сè на Венгер кој веруваше во мене. Сега пред мене е нов предизвик и максимално сум посветен на тоа“, изјави Михтарјан.
Како што претходно беше најавено, Михтарјан ќе остане во Рим за време на репрезентативната пауза, а тоа значи дека нема да настапи за својата селекција, Ерменија на саботниот натпревар со Македонија во рамки од првото коло од новата сезона на Лигата на нациите.

