Директорот на регионалната ракометна СЕХА-лига, Синиша Остојиќ, го презентираше новиот пехар во натпреварувањето пред јавноста. Тоа се случи пред стартот на Ф4-турнирот кој ќе се игра во Задар.
Новиот пехар на СЕХА лигата има навистина одличен изглед и е далеку подобар од претходниот. Ова ќе биде прва сезона во која победникот ќе го добие овој нов пехар. На Ф4-турнирот нашата земја ја преставува Вардар кој е најуспешниот тим во ова натпреварување.

Вардар во полуфиналето утре ќе игра со ППД Загреб, додека во другото полуфинале ќе се сретнат Мешков Брест и Веспрем. Полуфиналните средби се на програмата утре (петок) од 18.00 и од 20.30 часот, додека борбата за пехарот ќе биде на 6 септември (недела) од 20.30 часот.

