Ракометарите на Металург денеска од 19.30 часот против хрватскиот состав Спачва ќе го одиграат реваншот од првото квалификациско коло за пласман во новоформираната Лига на Европа.
Првата средба во Скопје заврши со триумф на нашиот тим со 35-28 или големи седум голови предност кои ветуваат продолжение на патот кон групната фаза.
Тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ, за денешниот меч во Винковци ќе ги има на располагање сите ракометари кои одиграа одлично на првата средба во „Автокоманда“.