Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ристовски: „Не заслужуваме да играме на ваков терен, состојбата на теренот беше срамотна“
    Фудбал

    Ристовски: „Не заслужуваме да играме на ваков терен, состојбата на теренот беше срамотна“

    risteBy riste05/09/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија дојде до првите три бода во новата сезона од Лигата на нации, но жешкото време не беше единствената пречка за нашата репрезентација да одигра уште подобро против Ерменија.

    Лошата состојба на теренот дополнително ја отежна работата на нашите репрезентативци, а незадоволство по завршувањето на средбата беше големо кај Стефан Ристовски кој рече дека тој и неговите соиграчи не заслужуваат да бидат пречекани на ваков терен.

    „Сакам да им честитам на момците, овие три бода се златни за нас. Ова го кажувам затоа што знам дека фудбалски не изгледаше најубаво, но навистина условите за игра беа многу тешки. Сакам да упатам апел дека ваков терен не смееме да си дозволиме да имаме. Ние сме Македонија и имаме амбиции да играме на Европско првенство. Според мене изгледот и состојбата беа срамотни. Со недели сме затворени во карантин за да дадеме сè од себе за македонскиот дрес и не заслужуваме ваков пречек. Поради тоа ова е повеќе од победа, им честитам на моите соиграчи“, рече Стефан Ристовски по натпреварот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.