И покрај поразот на гостувањето во Винковци, Металург се пласираше во второто коло од Европската лига откако беше подобар во двомечот со екипата на Спачва.
Домапната екипа на Спачва вечерва славеше со 29:25, но одличната игра на домашен терен на Металург му донесе пласман во следното коло во квалификациите за настап во европската лига. Во првиот дел се играше изедначено и на одмор се замина со резултат 14:14, а во вториот дел дојде до опуштање во екипата на Металург што знаеше да го искористи домашниот тим за да дојде до победа од 29:25.
Кај домашната екипа најрасположен за игра беше Марко Над со девет гола, а кај нашиот претставник се истакнаа Канкараш и Мариќ со пет и Хорват со четири погодоци.

