Ракометарите на Вардар 1961 денеска (12 часот) со чартер лет ќе патуваат за Брест, а раководството на клубот не сака да ризикува во време на пандемија на коронавирус, ниту пак сака дополнително да ги оптоварува своите ракометари затоа што конекциите Белорусија се многу лоши, па решија со чертер лет да го реализираат ова патување.
Од оваа причина Вардар максимално ќе го скрати престојот во Брест каде нема да се задржат повеќе од 36 часа. Денешниот ден ќе го искористат за еден тренинг пред дуелот со Мешков во рамките на првото коло во Лигата на шампионите, а по завршување на утрешниот натпревар (18:45 часот) веднаш ќе се вратат во Скопје.
Во Вардар вчера ги добиле резултатите од Ковид-тестот, сите се нагативни, па на пат за Брест ќе заминат сите на кои планира да смета тренерот Стевче Алушовски.
За Белорусија отпатуваа вкупно 23 члена од тимот, вклучувајќи 17 играчи. Во Скопје останаа Томислав Јагуриновски, Мартин Карапалевски и Давид Гашовски.