Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Металург пред последната пречка за настап во Европската лига на ЕХФ
    Ракомет

    Металург пред последната пречка за настап во Европската лига на ЕХФ

    risteBy riste22/09/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Металург вечерва ќе се обидат да оствари добар резултат и предност на домашен терен против швајцарскиот тим Кринс од Луцерн во последното коло пред обезбедување на пласман во групната фаза во новоформираната Европска лига.

    Тренерот Зоран Кастратовиќ и неговите ракометари ќе имаат императив победа со што е можно повисока разлика, со цел да се обезбеди помирен реванш на гостински терен. Металург посакува да се пласира во ова натпреварување кое го има своето премиерно издание токму во оваа натпреварувачка сезона 2020/21.

    Противникот воопшто не е за потценување и игра во одлична форма, не загубил на последните осум меча, на кои има седум победи и еден нерешен резултат. Одлично одиграа и на средбите од претходното коло во квалификациите за Европската лига каде на домашен терен ја победија Дубрава со 29:27, но победија и на гостински и тоа убедливо со 28:19.

    Тоа е доволнен показател за Металург дека нема да имаат лесна задача за да ја остварат својат зацртана цел, пласман во групите од Европската лига. Тренерот Зоран Кастратовиќ ќе може да смета на сите расположливи сили, нема проблеми околу составот на својата екипа за вечерашниот натпревар со

    Кринс кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот, а реваншот во Луцерн пак ќе се игра една недела подоцна во 18:45 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.