Еурофарм Пелистер и Металург денеска ќе ги дознаат противниците за групната фаза во Лигата на Европа или новото натпреварување под капата на европската ракометна федерација –ЕХФ.
Вкупно 24 екипи од 11 часот во Виена ќе бидат поделени во шест групи со тоа што тимовите од една земја не можат да бидат во иста група. Битолчани кои директно обезбедија место во групната фаза нема да играат против Чеховски Медведи, Татран и Бешикташ додека Металург кој помина низ квалификациите ќе ги одбегне Требње, Кристијанштад и ЦСКА.
Според предвидениот календар, Лигата на Европа ќе започне на 20. Октомври.

