Веспрем од Унгарија и Мешков Брест од Белорусија побарале од раководството на СЕХА лигата да го прескокнат регуларниот дел од натпреварувањето и да одат директно на завршниот турнир, објавија медиумите во Русија.
Раководствата на двата ракометни тима не сакаат да играат во регуларниот дел поради сложената ситуација со ковид-19 насекаде низ Европа како и лошите конекции.
Стартот на регуларниот дел беше најавен за 10 октомври, но, сега со новиот момент, најверојатно почетокот на новата сезона ќе биде пролонгиран. Нашава земја ќе ја претставуваат Вардар и Еурофарм Пелистер.

