Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, не го криеше задоволството по големата победа над Косово со 2:1 и обезбедениот пласман во финалето од плејофот од Лигата на нациите.
Сепак самиот тој вели дека работата не е завршена до крај и не очекуваат уште најмалку 90 минути за да испишеме историја на македонскиот фудбал.
„Благодариме за поддршката која ја добивме од сите, заслуживме да се израдуваме, ама не сме направиле уште ништо. Сите сме еуфорични, Македонија нека се радува вечерва, ама од утре мора да се спуштиме на земја. За два дена имаме меч во Лигата на нациите против Естонија. Знам дека целиот народ веќе мисли на тој натпревар со Грузија, знам дека ќе ми ја дадете поддршката што ми ја дадовте до сега и конечно по 30 години ќе ја видиме Македонија на Европско првенство. Се надевам дека во Грузија ќе скокнеме уште малку повисоко. Натпреварот кој го имаме со Грузијците за пет дена ќе биде одличен да се запознаеме уште подобро. Во финалињата одлучуваат нијанси. Сакам само да ги имам сите играчи на број, затоа што ние не сме фудбалска велесила и секое отуство е лошо“, изјави Ангеловски.

Македонија во финалето од плеј-офот ќе игра со Грузија на гостински тере, на истото место каде што пред еден месец одигра 1:1 во новото издание на Лигата на нации, но тој натпревар и финалето се сосема различни, сепак финалето ќе носи поголема тежина со самото значење.

