Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски: „Среќни сме, но не е завршено ништо, одиме во Грузија по победа“
    Фудбал

    Ангеловски: „Среќни сме, но не е завршено ништо, одиме во Грузија по победа“

    risteBy riste09/10/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, не го криеше задоволството по големата победа над Косово со 2:1 и обезбедениот пласман во финалето од плејофот од Лигата на нациите.

    Сепак самиот тој вели дека работата не е завршена до крај и не очекуваат уште најмалку 90 минути за да испишеме историја на македонскиот фудбал.

    „Благодариме за поддршката која ја добивме од сите, заслуживме да се израдуваме, ама не сме направиле уште ништо. Сите сме еуфорични, Македонија нека се радува вечерва, ама од утре мора да се спуштиме на земја. За два дена имаме меч во Лигата на нациите против Естонија. Знам дека целиот народ веќе мисли на тој натпревар со Грузија, знам дека ќе ми ја дадете поддршката што ми ја дадовте до сега и конечно по 30 години ќе ја видиме Македонија на Европско првенство. Се надевам дека во Грузија ќе скокнеме уште малку повисоко. Натпреварот кој го имаме со Грузијците за пет дена ќе биде одличен да се запознаеме уште подобро. Во финалињата одлучуваат нијанси. Сакам само да ги имам сите играчи на број, затоа што ние не сме фудбалска велесила и секое отуство е лошо“, изјави Ангеловски.

    Македонија во финалето од плеј-офот ќе игра со Грузија на гостински тере, на истото место каде што пред еден месец одигра 1:1 во новото издание на Лигата на нации, но тој натпревар и финалето се сосема различни, сепак финалето ќе носи поголема тежина со самото значење.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.