Премиерниот меч на нашиот преставник Металург во Лигата на Европа на ЕФХ ќе почне два часа порано од планираното. „Металурзите“ утре ќе му гостуваат на француски Тулуз кој мораше да најде нов термин за одигрување на натпреварот, откако француската влада донесе одлука за воведување полициски час во земјата, поради се поголемиот број на заразени со Ковид-19.
Според тоа, утре дуелот во Тулуз место во 20.45 часот ќе стартува два часа порано, односно во 18.45 часот.