Со гол во последните секунди, екипата на Порто успеа да му одземе еден бод на нашиот шампион Вардар во вечерашниот дуел од Лигата на шампионите. 25:25 на крајот на семафорот во Јане Сандански иако Вардар во последните 30 секунди влезе со гол предност.
Одлично издание имаа голманите и на двата тима. На голот на вардар „царуваше“ Борко Ристовски, кој искористувајќи ја играта 7 н 6 на гостите успеа на крајот средбата да ја заврши и со 4 постигнати гола. Чупиќ постигна 7, а Вујин 5 гола за Вардар, додека кај Порто најефикасен беше Алварез со 7 гола.

